Жоан Канелјас е еден од оние ракометари кои летово ќе си заминат од Вардар, не успевајќи тоа да го стори со втора европска круна. Шпанецот е реален во својот осврт на натпреварот, посочувајќи дека „вардарци“ со играта не заслужиле да се најдат во финалето.
„Се што можеше, тргна лошо против Монпелје. Не влеговме во својот ритам, од самиот почеток не се чувствувавме удобно на теренот и тоа траеше до крајот на натпреварот. Според мене клучно беше што нашиот напад не функционираше во поголемиот дел од првото полувреме, а со самото тоа се влијаеше и да има малку поголема нервоза во одбраната, па и голманите да немаат свој ден. Монпелје покажа дека е голем тим, ја имаше и среќата кога му беше неопходна, постигна неколку клучни погодоци под закана за пасивен напад. Ние се обидовме, но и се уверивме колку е тешко два пати по ред да се освои Лигата на шампионите“ – изјави Канелјас.
Како што е веќе познато, шпанскиот бек по завршувањето на сезонава се сели во Унгарија, во редовите на новиот првак на оваа земја, Пик Сегед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА