Алехандре Пантоја го одбрани УФЦ појасот и го спречи Каи Асакура да стане првиот шампион од Јапонија освојувач на ова натпреварување.
Пантоја, познат и по прекарот„Канибал“, до победата дојде со импресивна победа во главната УФЦ 310 бодба во Лас Вегас во „мува“ категорија.
34-годишниот Бразилец борбата ја заврши веќе во втората рунда кога брутално го „онесвести“ Јапонецот.
„Ова е ниво, УФЦ ниво. Мислите дека ќе дојде некој Јапонец и ќе ми го земе појасот? Не. Тој е одлично момеч, цврст борец, но тоа не е важно, затоа што октагонот е мој град, мој терен“ – изјави Пантоја по победа.
PANTOJA PUTS ASAKURA TO SLEEP #UFC310 pic.twitter.com/gpokkZ8Iva
— Steven Rae (@stevenrae_) December 8, 2024
Пантоја (29 победи и пет порази во кариерата) веднаш по триумфот ја предизвика УФЦ легендата, Деметриус Џонсон, кој се повлече во септември откако владееше долги години со оваа категорија.
„Тој не се бори повеќе, но ова е моја порака: Деметриус, јас сум ГОАТ тука. Ако сакаш да покажеш дека си ГОАТ, врати се“ – јасен беше Пантоја.
Џексон, УФЦ титулата во „мува“ категорија ја одбрани рекордни 11 пати во низа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА