Кањизарес по загубата на петгодишниот син: Санти си ја заврши мисијата, и не напушти опкружен од мир

Трогателна порака на легендарниот шпански голман Сантијаго Кањизарес кој и јавно се збогуваше со својот петгодишен син Санти кој вчера почина по долгата борба со тешка болест.

Кањизарес со крајно емотивна порака се збогуваше од својот ангел потенцирајќи дека тој си ја завршил својата мисија тука на земјата…

„Мојот син почина. Мислам дека јас сум тој кој прв треба да ви ја каже тажната вест. Благодарен сум на сите пораки за поддршка и љубов кои ги добив од сите вас. Санти си замине опкружен од мир, завршувајќи ја својата мисија во овие пет години во кои беше дел од нас“ – напиша Кањизарес на својот Твитер профил.

Со порака се огласи и сопругата на Кањизарес, Мајта.

„Љубов моја, животе мој, ангелу мој. Ти благодарам за се што ме научи и за мирот со кој ме напушташ. Ќе продолжам да живеам за тебе, секогаш ќе бидам покрај тебе. Те сакам“ – напиша Мајта.

Се вчитува...