Кансело и Феликс ги оправдаа очекувањата на Барслеона – добиваат постојан престој на „Камп Ноу“

Португалските репрезентативци Жоао Феликс и Жоао Кансело се наоѓаат на позајмица во Барселона, а голема е веројатноста дека ќе продолжат да настапуваат за каталонскиот тим и по крајот на сезоната со оглед на желбата на славниот шпански тим да ги задржи во своите редови.

Оваа информација ја сподели нивниот агент, Жоао Мендес во разговор за португалскиот медиум „Рекорд“, но и покрај желбата Барселона ќе треба и да издвои добра сума на пари за да ги задржи на „Камп Ноу“ на долги стази.

Според популарниот „Трансфермаркт“ нивата вредност е по 40 милиони евра, а олеснителна околност за Барселона во преговорите ќе биде фактот дека и двајцата не се омилени во нивните матични клубови Атлетико Мадрид и Манчестер Сити.

Се вчитува...