Кансело и Невеш не можеа да ги задржат солзите на минутата молк

Играчите на Ал-Хилал, Жоао Кансело и Рубен Невеш, сонародници на Диого Жота и колеги од репрезентацијата, не можеа да ги сопрат солзите за време на минутата молк во спомен на фудбалерот на Португалија кој трагично го загуби животот во четвртокот.

Кансело и Невеш не издржаа, добија излив на емоции, а ги тешеа нивните соиграчи од тимот, но утехата не беше доволна.

Сите натпревари од Светското клупско првенство ќе почнат со минута молк во спомен на Жота и неговиот брат Андре Силва.

Се вчитува...