Португалскиот интернационалец Жоао Кансело изјави дека од секогаш бил навивач на Барселона. Тој ја оцени екипата од 2009 година како најдобрата во историјата на фудбалот.
Кансело во моментов настапува во Барселона како позајмен од Манчестер Сити, но и натаму е неизвесно дали ќе остане дел од „Каталонците“ или ќе се врати во Манчестер.
„Отсекогаш сум навивал за Барселона. Пораснав гледајќи го овој тим како игра. Мојот главен идол бил Роналдињо. Ме инспирираше кога го гледав на телевизија. Во него има магија. Со оглед дека навивачите на Реал Мадрид еднаш му аплаудираа, тоа кажува дека беше неверојатен“, изјави Кансело.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

