Канте е човекот за радости: Французинот нема пораз на големите натпреварувања

Н’Голо Канте продолжува да покажува одлични перформанси и да докажува колку е фундаментален играч за репрезентацијата на Франција .

33-годишниот играч од средниот ред има импресивен рекорд за „петлите“ на големите фудбалски натпреварувања. Канте е првиот европски играч кој има повеќе од 20 настапи на Светско и Европско првенство без уште пораз.

Учеството на Канте на големите настани за Франција започна на Евро 2016. Тој не учествуваше во загубеното финале со Португалија кога беше на клупата. Поразот од Швајцарија на пенали на ЕП 2020 останува во статистиката како нерешено.

Се вчитува...