Нголо Канте две години немаше настап за француската репрезентација (од јуни 2022), па за многумина изненадување беше одлуката на селекторот Дешамп да го врати искусниот играч за врска за овој европски шампионат, особено ако се знае дека Нголо сезонава настапуваше во Саудиска Арабија, а извесен период беше и повреден.
Сепак, она што Канте го покажува на теренот само потврдува колку Дешамп бил во право, екс-фудбалерот на Лестер и Челси доминира на теренот, помага во дефанзива, а многу често и креира на противничката половина.
Впрочем, најдобар доказ за неговите изданија е фактот дека Нголо Канте беше избран за МВП на натпреварите и против Австрија и против Холандија. Со тоа, Канте испиша историја на европските шампионати станувајќи прв фудбалер кој станал МВП во средбите од првите две кола на својата репрезентација.
Бројките говорат најдобро, погледнете ги статистичките показатели за настапот на Канте против Холандија…
🚨🚨| N’Golo Kanté vs Netherlands:
▪️74 touches
▪️22 final ⅓ passes
▪️12 passes into final ⅓
▪️4 x possession won
▪️4 touches in opp. box
▪️4 duels won
▪️3 chances created
▪️2 shots
▪️1 aerial duel won
▪️1 take-on completed
▪️1 through-ball
▪️POTMAging like fine wine 🍷🇫🇷 pic.twitter.com/LUfWbGR9yd
— CentreGoals. (@centregoals) June 21, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА