Челси се соочува со неочекувани проблеми пред финалето од Лигата на Европа против Арсенал кое се игра во среда (29. мај) во Баку. На три дена пред финалниот дуел, како што информираат англиските медиуми, повреда заработил Н’голо Канте.
Лиферувани се информации дека вчера Канте го повредил коленото на еден од тренинзите, иако од Челси засега нема официјална потврда на ваквите тврдења.
Под знак прашање е дали францускиот репрезентативец ќе биде на распологање за финалниот дуел. Без сомнение, тоа би било голем хендикеп за Сари доколку нема да може да смета на извонредниот фудбалер за врска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА