Н’Голо Канте беше во центарот на вниманието во последните неколку недели, особено по маестралната игра во финалето на Лигата на шампионите против Манчестер Сити. За Канте е кажано и напишано многу. Практично сите се согласуваат за една работа, а тоа е дека Канте е најскромниот и најдобриот фудбалер на светот.
30-годишниот играч за врска се стекна со огромна популарност поради неговото однесување и посветеност на теренот, но како што вели тој само сака да биде нормална личност.
„Се обидувам да го сторам тоа што секогаш го правам, да бидам природен, да дадам се од себе на теренот, да ги израдувам навивачите, тоа го правам со големо задоволство. Вистина е дека понекогаш може да имате репутација на прекрасен, фин и културен човек, но јас сум само нормална личност, еден од многуте фудбалери … Не мора да ми давате комплименти дека сум најпрекрасен, јас сум само играч како и сите други. Добро се сложувам со соиграчите, имам добра врска со луѓето што ги среќавам на улица“, заклучи Канте.
Скромноста и понизноста се главните човечки квалитети на Канте. Неуморен работник, тактичка дисциплина, читање на играта, совршени стартови се само дел од работите што го красат како играч. За потцетување, можеби најценетиот играч на денешницата играше во третата лига на францускиот фудбал пред десет години.
Веќе се шпекулира за Канте како потенцијален освојувач на Златната топка за оваа сезона, особено во случај Франција да стане новиот европски шампион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА