Францускиот дефанзивец, Нголо Канте одби дел од платата во Челси да ја добива преку оф-шор компанија и побарал сите пари да му се исплатуваат по регуларен пат.
Францускиот „Медиасет“ објави дека Нголо го одбил предлогот 20 проценти од платата во лондонскиот тим кој е во сопственост на рускиот милијардер Роман Абрамович, да ги добива преку оф-шор компанија во некоја од земјите кои се „даночен рај“.
Се уште не е потврдено дали предлогот стигнал од управата на Челси, но, случајот секоко излезе во јавност и клубот е под истрага на „Фудбал икс“ кои со недели објавуваат информации за „валканите“ бизниси во лондонскиот клуб.
Тие пари би биле прикажани како профит од продажбата на маркетиншките права или права на ликот на фудбалерот, а Канте го одбил тоа.
„Нголо беше одлучен во својата одлука, едноставно сакаше нормална плата. Кога ги прочита бројните новинарски статии за правата на ликот на фудбалерот и истрагите за одбегнување данок кај другите фудбалери и клубови, беше многу загрижен дека предлогот што му беше упатен ќе предизвика проблеми со даночните власти. Реши ништо да не ризикува“ – изјави еден од финансиските советници на Канте.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА