Канте стана сопственик на белгиски клуб

Доскорешниот фудбалер на Челси и иден член на Ал Итихад Нголо Канте инвестираше во белгискиот третолигаш Ројал Екселсиор Виртон.

Клубот минатата сезона испадна од втората лига на белгискиот фудбал. Градот Виртон од каде што доаѓа овој клуб се наоѓа во близина на границата меѓу Белгија и Луксембург.

Тие никогаш не играле во прва лига, а новиот сопственик заедно со својата група инвеститори ќе се обиде да изгради стабилен белгиски лигаш од овој клуб.

Преземањето официјално ќе се случи на 1. јули.

 

Се вчитува...