„Кантерашите“ едногласни: Македонијо ве сакаме, се надеваме дека ќе ве радуваме со нови успеси (ВИДЕО)

Кантер страјк репрезентацијата на Македонија го освои Светското првенство откако во финалето славеше над тимот на Романија.

По завршувањето на финалето Александар “CacaNito” Ќулукоски и  Јане “aidKiT” Апостолоски и се заблагодарија на цела македонска јавност за поддршката и се надеваат дека ќе имаат уште успеси.

„Одличен и тежок турнир. Беше многу неизвесен, но на крајот успеавме и и благодариме на цела Македонија за поддршката. Благодарен сум на цел тим. Мотивацијата е преголема и се надеваме на нови успеси. Македонијо ве сакаме!“, изјавија по завршувањето на турнирот. 

Се вчитува...