„Кантерашите“ се пласираа во финале на Светското првенство

Македонската репрезентација во CS:GO се пласираше во финалето на Светското првенство во Израел, откако во крајно интересен натпревар во полуфиналето славеше над Украина со 2-1 во мапи.

Првата мапа ја добија Украинците, додека во втората нашата екипа стигна до победата. Во последната одлучувачка мапа нашите „кантераши“ имаа негатива од 15-10, но со фуриозна завршница успеаја да добијат по продолженија 17-15.

Во финалето Македонија ќе игра со Романија, дуел кој е закажан за 16 часот.

Се вчитува...