Легендарниот фудбалер Ерик Кантона, кој го носеше дресот на Манчестер јунајтед од 1992 до 1997 година, и за тој период на 185 натпревари постигна 55 гола, му зададе голем удар на актуелниот менаџер на „црвените ѓаволи“, Жозе Мурињо. Тој смета дека Португалецот негува премногу дефанзивен стил на игра за да биде тренер на клубот од „Олд трафорд“.
„Го почитувам Жозе Мурињо, тој е голем тренер, освоил многу титули, умее да преземе голем дел од одговорноста врз себе и да им олесни на фудбалерите, но едноставно за мене негува многу дефанзивен стил на игра. Кога јас играв во Манчестер јунајтед, под водство на сер Алекс Фергусон, тоа беше сосема поинаку. Овој тим на Манчестер јунајтед би бил многу поатрактривен за гледање доколку напаѓа многу посилно кон противничкиот гол. Го сакам Мурињо, но многу повеќе го сакам стилот што го форсира Пеп Гвардиола. Ако јас би се прашувал, би сакал Гвардиола да биде менаџер на Манчестер јунајтед“, изјави Ерик Кантона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА