Легендарниот фудбалер Ерик Кантона жестоко го критикуваше Нејмар за своето однесување во редовите на ПСЖ, особено по последните медиумски информации дека бразилскиот ас веќе е несреќен во Париз. Францускиот првак плати рекордни 222 милиони евра за да го доведе Нејмар во своите редови, но Кантона е зачуден од односот на самиот фудбалер, кој најпрвин инсистирал на овој трансфер, за наскоро потоа да почне да се жали дека е несреќен на „Паркот на принцовите“.
„Едно не можам да разберам, што мислеше Нејмар кога замина во Франција. Имаш 25 години и играш за Барселона и Бразил, логично е да се запрашаш зошто би дошол сега да играш против Гингамп или Амиен. Кој може да знае… но тоа не е мојата визија за страста кон фудбалот. Дошол за ЛШ? Па тој веќе го има освоено ова натпреварување, згора на тоа во Лигата на шампионите се играат десетина средби годишно, ти мора да си среќен играјќи фудбал низ целата сезона“ – порача Кантона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА