Легендарниот и контроверзен фудбалер на Манчестер Јунајтед, Ерик Кантона е познат по тоа дека често се наоѓа во центарот на вниманието поради сензационалните ставови.
Екс-фудбалер на „“црвените ѓаволи, овојпат предизвика бура од реакции со неговата до некаде политичка изјава поврзана со Светското првенство во 2010 година на кое Шпанците во Јужна Африка станаа светски шампион.
„Не Шпанија, Каталонија го освои тоа СП во 2010 година во Јужна Африка. Десет играчи во тој состав беа од Каталонија. Моите баба и дедо се од Каталонија, но мораа да избегаат во Франција во 1939 година кога во Шпанија беше граѓанската војна“, изјави Кантона.
Ваквите зборови на Кантона на најголем осуда наидоа секако во Шпанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

