Кантона: Суарез е само за да глуми во порно-филм

Легендарниот француски фудбалер Ерик Кантона јавно го нападна голгетерот на Барселона, Луис Суарез, за своите вештини да паѓа во противничкиот шеснаесетник. Тоа многу често го прави успешно и добива удари од белата точка. Кантона смета дека пеналот што и беше досуден на Барселона во 90.минута против ПСЖ е апсолутно подарен.

„Суарез можеби веќе не ги гризе луѓето, но дефинитивно е најголем ’глумец’. Притоа, многу е драматичен и знае добро да ги излаже судиите. Така добро одглуми против ПСЖ, што дури и се фати за вратот. Дали ја погледнавте таа агонија? Тоа е фудбалски порно-филм. Тоа децата не треба да го гледаат“, изјави Ерик Кантона.

 

Се вчитува...