Клаудио Раниери не е само врвен тренер, туку и прекрасен човек. Италијанецот тоа го потврди и со својот послеен гест, откако на оригинален начин реши да им се заблагодари на фановите на Лестер за поддршката што ја добиваше од нив во изминатиот период.
Навивачите остро ја критикуваа управата поради одлуката да го смени трофејниот стратег, а „лисиците“ според постигнатиот договор му исплатиле на Раниери и отштета од три милиони евра. За Италијанецот парите очигледно немаат толкаво влијание во животот колку сопствената чест, па токму затоа реши половина од парите да ги донира во хуманитарни цели. Така, шампионскиот тренер уплатил 1,5 милион фунти во хуманитарна организација зад која стојат фановите на Лестер.
Што друго да се каже за Клаудио Раниери, големиот човек чие име засекогаш со златни букви ќе биде испишано во историјата на Лестер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА