Капело брутално искрен: Бонучи не знае да игра одбрана

Леонардо Бонучи е остро критикуван за очајните настапи во дресот на Милан, но неговите слаби игри не се изненадување за Фабио Капело. Поранешниот тренер на Милан упати сериозни критики на адреса на трофејниот дефанзивец, истакнувајќи дека „Бонучи не знае да игра одбрана“.

Бонучи е најдобриот италијански дефанзивец кога ја има топката во нозе, во оваа категорија е меѓу најдобрите тројца во светот. Само има еден проблем – тој не знае да игра одбрана. Тоа е сериозен проблем и сега веќе станува очигледен, откако дојде во Милан. Јувентус беше идеална средина за него, бидејќи имаше партнери што можеа да го покријат просторот зад него. Воедно, беше поставена и формацијата со тројца одбранбени играчи што му овозможи да доминира на теренот“ – изјави Капело.

Се вчитува...