Прославниот италијански стратег Фабио Капело говореше за Пеп Гвардиола, сегашниот тренер на Манчестер Сити кој тој добро го познава од играчките денови бидејќи соработуваа заедно во Рома во сезоната 2002/03.
Капело откри интересен детал од тренинг, а потоа говореше и за ароганцијата и начин на кој му отежнува на својот тим со нови „изуми“ пред клучни натпревари.
„Не дискутиравме било што додека бевме заедно во Рома. Тој дојде кај мене да ми каже како треба да си ја вршам задачата. Јас му одговорив прво да оди на трчање, а потоа да ми се обрати.
„Го направив тоа затоа што тој само шеташе низ теренот и не сакав да го „плеснам“ пред другите кои беа подобри. Тоа беше крајот на секоја дискусија“, открива Капело во разговор за „Ел Мундо“.
„Кај Гвардиола најмногу ми смета неговата арогантност. Само кога ја осови Лигата на Шампиони со Сити не правеше некои тактички лудости. Сите останати години во Манчестер и претходно во Баерн, секогаш му отежнуваше на тимот во одлучните мечеви бидејќи сакаше да бие протагонист. Ја менуваше тактиката за да може подоцна да каже дека не победуваат играчите, туку тој. И таа ароганција го чинеше уште неколку титули во Лигата на Шампиони. Го почитувам, но мојот став е јасен“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

