Фабио Капело дваесетина години важеше за еден од најдобрите тренери во светот, но како што му се ближи крајот на кариерата, така и резултатите на трофејниот стратег стануваат се послаби и послаби.
Капело не одолеа на кинеските милиони, па минатата сезона се пресели на клупата на Џиангсу Сунинг, но воопшто не ги оправда очекувањата на газдите на овој клуб. Џиангсу слабо ја стартуваше сезоната со два порази и една победа, а убедливиот неуспех од 4-1 од потпросечниот тим на Чонгдинг придонесе раководството на клубот да донесе одлука за разделба од италијанскиот стручњак.
Дел од медиумите тврдат дека Капело самиот сака да си замине бидејќи управата сакала да му се меша во работата, но едно е јасно, „Дон Фабио“ става крај на својта кинеска авантура и се враќа назад во Италија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА