Поранешниот тренер на Реал Мадрид, легендарниот Италијанец Фабио Капело смета дека ниту еден од актуелните фудбалери на Реал не заслужува да ја освои Златната топка.
„Кралевите“ минатата сезона ја освоија Ла Лига и Лигата на шампионите, па сосема очекувано најголем број негови фудбалери се во потесниот избор за освојување на Златната топка. Сепак, најголеми фаворити се Винисиус Јуниор и Џуд Белингам, додека за наградата уште се номинирани Антонио Рудигер, Даниел Карвахал, Федерико Валверде, Антонио Рудигер и Килијан Мбапе.
Карвахал е единственот играч од Реал кој со Ла Лига и Лигата на шампионите освои и Европско првенство во Германија со Шпанија. Но, сепак, Капело смета дека оваа награда треба да оди кај фудбалер на Манчестер сити кој ја освои Премиерлигата а потоа и ЕП 2024 во Германија.
„Златната топка ја заслужува Родри за настапите во Премиерлигата, Лигата на шампионите и ЕВРО 2024. Беше најдобар сезонава. Некои играчи на Реал тоа и сами го признаваат, ниту еден од нив не беше најдобар оваа сезона. Тоа беше Родри“ – вели Капело во интервју за „Кориере дела Сера“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА