Фабио Капело ги предупредува италијанските фудбалери да не помислат ниту за момент дека ќе имаат лесна задача во последното коло против Хрватска.
Овој меч е исклучително важен за двете селекции, „аѕурите“ ќе се обидат да се рехабилитираат по слабото издание со Шпанија, додека Хрватите мораат да одат на победа ако сакаат да обезбедат пласман во нокаут фазата. И додека голем дел од европската фудбалска јавност ги критикува „коцкестите“ опишувајќи ги како големо разочарување, Капело е свесен за квалитетите што ги поседува оваа селекција.
„Италија изгледаше само против Шпанија само затоа што противникот беше супериорен, сега против Хрватска треба да се покаже реакција. Знам дека сите велат дека Хрватите се паднати, дека се репрезентација што веќе не е она што била. Јас не гледам така, кога ја гледам Хрватска, гледам шампиони приковани кон ѕид, но шампиони кои никогаш не се предаваат. Знам дека Модриќ, Ковачиќ, Брозовиќ, ќе сторат се за да слават против нас, затоа гласно велам дека Хрватска е најлошиот ривал што можевме да го имаме за еден ваков клучен натпревар“, изјави Капело.
Натпреварот меѓу Хрватска и Италија на програмата е в понеделник со почеток во 21 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА