Капело: Хрватска е силен тим, но мислам дека трофејот оди во Англија

Прославениот италијански стратег Фабио Капело смета дека Англија ќе биде светски фудбалски шампион. Во пресрет на вечерашното второ полуфинале, тој смета дека Англичаните ќе успеат да ја добијат Хрватска, а потоа ќе слават и во финалето против селекцијата на Франција. Некогашниот тренер на Реал Мадрид, Јувентус, Милан, Рома…беше и селектор на Англија на СП во 2010 година.

„Англија има брзи играчи и одличен тренер. Герет Саутгејт знаеше дека ќе си оди дома предвреме со двајца централни дефанзивци, па затоа постави три. Конечно пронајде и голман кој добро си ја врши работата. Џордан Пикфорд има одлични реакции и знае како да се постави. Во финалето ги гледам Франција и Англија. И ќе победат Англичаните“, истакна Капело.

Тој сепак им оддаде признание и на „триколорите“, а Хрватите ги нарекува „европски Бразилци“.

„Дешамп е среќен човек. Тој играа со 11,5 фудбалери. Канте вреди најмалку за еден и пол фудбалер. Не само затоа што трча многу, туку е и интелигентен, секогаш се наоѓа на вистинското место. Што се однесува до Хрватите, тие имаат неверојатен талент. Тие се „европски Бразилци“, имаат натпросечен технички квалитет. Всушност, тие никогаш немаче проблеми со квалитетот, туку со доследноста во играта. А, сега и тоа го добија со Златко Далиќ. Но, ќе победи Англија“, вели 72-годишниот италијански стратег.

Се вчитува...