Капело ќе го наследи Липи?

Италијанскиот стратег Фабио Капело доби понуда да биде нов селектор на фудбалската репрезентација на Кина. Тој би го наследил неговиот сонародник Марчело Липи кој го напушти кормилото по слабиот резултат на Азискиот куп, како и скандалот за наводно „местење“ на кинеските фудбалери.

Капело последен пат работеше во кинескиот клуб Џиангсу сунинг во сезоната 2017/18 година, но минатата пролет објави дека става крај на тренерската кариера. Сепак, новата понуда од Кина би можела да го премисли и тој повторно да му се врати на фудбалот.

Фабио Капело во кариерата ги водеше Милан (три пати), Реал Мадрид (два пати), Рома, Јувентус, а беше и селектор на Англија и на Русија.

Се вчитува...