Капело критикува: Гвардиола го упропасти фудбалот…

Фабио Капело неочекувано гласно го нападна Пеп Гвардиола, истакнувајќи дека стратегот на Манчестер Сити го упропастил светскиот фудбал.

Гвардиола за многумина важи за најдобар фудбалски стратег на денешницата, но „Дон Фабио“ не крие дека воопшто не е импресиониран од филозофијата на каталонскиот стручњак.

„Знаете ли што не ми се допаѓа кај Гвардиола? Неговата ароганција… Финалето во ЛШ што го победи со Манчестер Сити е единствениот клучен меч на кој не се обидуваше со чудни работи. Во сите останати сезони, со Баерн и со Манчестер, тој на најважните натпревари правеше експерименти, како да сакаше да каже: Не победуваат играчите, јас победувам.. и затоа остана без уште неколку трофеи во Лигата на Шампионите. Јас го почитувам Пеп, но сметам дека тој направи голема штета за светскиот фудбал. Како? Па така што десет години по ред останатите се обидуваат да го копираат. Тоа го упропасти италијанскиот фудбал, но и фудбалот во уште неколку земји. Допир, допир, допир… тоа е неговата филозофија, но многу тренери не разбираат дека им требаат играчи за таков стил на игра и го копираат Пеп, а тимот им игра катастрофално без соодветните фудбалери“, истакна Капело.

Се вчитува...