Големото градско дерби меѓу Интер и Милан е на програмата в недела, голем број стратези и аналитичари даваат свои прогнози за овој дуел, а меѓу најинтересните е онаа на Фабио Капело.
Според прославениот тренер на „росонерите“, најважно за неговиот поранешен клуб ќе биде во каков ритам ќе влезе Рафаел Леао, и тоа – на која нога ќе се разбуди Португалецот.
„Сите многу добро знаат колку е специјален овој натпревар, очите на цела Италија ќе бидат насочени кон Милано. Двата тима ќе гинат за победата, ќе имаат свои шанси, а за Милан е многу важно што ќе ги има Пулишиќ и Леао, кои се многу опасни од контранапади. Многу работи кај Милан ќе зависат од тоа на која нога ќе се разбуди Леао. За жал, сите знаеме дека тој може да направи нешто специјално, но и може да ги полуди сите во својот тим. Едноставно, тој е таков лик, треба да го прифатиме, но до почетокот на дербито никој нема да знае кое лице на Леао ќе го видиме на теренот“, изјави Капело.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

