Искусниот италијански тренер Фабио Капело, го коментираше Јувентус под палката на Тиаго Мота, и неговата изјава околу тоа дека се срами, и дека Јувентус го допрел дното.
Клубот испадна од Лигата на шампионите, испадна од Купот, а шансите за титула во Серија „А“ се на минимум.
„Зборовите на Мота се напад на сите. Видов како Јувентус му дозволува на Емполи да прави што сака на теренот, средниот ред не работи, не видов никаква решителност, ниту квалитет. Тие пуштија важни играчи во совлекувалната. Се обидоа да сменат се и веднаш направија план за освојување на ЛШ. Има грешки од страна на раководството. Секогаш зборуваме за Мота, но мислам дека Џунтоли е виновен за неуспесите. Кога бирате играчи, се сметате за врвен клуб. Јувентус треба да бира играчи кои можат да го носат тој тежок дрес. Јувентус не го сфати тоа и потроши многу, но сметам не на вистински начин“, рече Капело.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

