Капело со совет за Анчелоти: Можеби сега треба добро да размисли за понудата од Бразил

Реал Мадрид не успеа да ја одбрани титулата во Лигата на Шампионите, но претседателот Флорентино Перез има доверба во Карло Анчелоти и планира да го задржи италијанскиот стратег и за наредната сезона, последна од договорот што го има трофејниот стратег.

„Дон Карло“ во минатиот период беше поврзуван со селекторската функција во Бразил, тој отсекогаш истакнуваше дека приоритет му е Реал Мадрид, но по синоќешното фијаско доби добар совет од својот повозрасен колега Фабио Капело, уште еднаш добро да размисли за целата ситуација.

„Секогаш е тешко да се загуби полуфинале, уште кога тоа ќе е со убедливи 4-0, тогаш навистина боли. Можеби Карло сега треба добро да размисли за понудата од Бразил, зошто да не и да ја прифати. Реалноста е таква – во Европа има повеќе клубови кои се поквалитетни од Реал Мадрид во моментов. Тоа Анчелоти не може да го промени, можеби најдобро ќе биде да замине во Бразил и да се обиде да го крене пехарот на СП 2026. Ако јас бев на неговоместо, ќе прифатев“, изјави Фабио Капело.

Се вчитува...