Капело „удри“ по Меси и Роналдо: Треба да сте големи и кога победувате и кога губите…

ФИФА го организираше доделувањето на „The Best” наградите на највисоко ниво, но во очи на целокупната фудбалска јавност и падна отсуството на двете најголеми ѕвезди на овој спорт, Кристијано Роналдо и Лионел Меси. Португалецот се најде меѓу финалистите, но со своето отсуство најави дека не е добитник на главната награда, Меси воопшто не беше меѓу тројцата најдобри, па двајцата не допатуваа во Лондон, навлекувајќи го бесот на голем дел од јавноста.

Еден од најгласните во овие критики беше легендарниот италијански стратег Фабио Капело.

„Отсуството на Роналдо и Меси е недостиг на почит од двајцата, кон колеггите фудбалери, кон ФИФА и кон целокупниот свет на фудбалот Можеби имаат победено премногу пати во животот и не сакаат да губат, но треба да знаат, мора да се големи и во поразите како што се во победите, тоа е вистинското мерило за нивната човечка големина“ – истакна Капело.

Се вчитува...