Капело: Ван Нистелрој ми се жалеше дека соблекувалната на Реал смрди на алкохол… знаев кој е виновникот

Фабио Капело освои се што можеше да се освои во тренерската кариера, пред се благодарение на челичната дисциплина на која овој стратег инсистираше секаде каде што работеше.

Најголеми проблеми за наметнување на своите методи очекувано имаше во Реал Мадрид, тим преполн со светски суперѕвезди, а Капело во едно од последните интервјуа говореше и за проблемите што ги имаше со Бразилецот Роналдо, кого на крајот го избрка од „Сантијаго Бернабеу“.

„Во февруари 2007 година решив да го отпуштам Роналдо. Тој беше играч што сакаше премногу да се забавува надвор од теренот, негативно влијаеше на целата екипа. Еден ден Руд ван Нистелрој ми влезе во канцеларија и ми се пожали дека соблекувалната мириса на алкохол. Знаев дека е во право, знаев и кој е виновник и дека морав да реагирам. Кога Роналдо беше во топ-форма на СП 2002 имаше 82 килограми. Кога јас дојдов во Реал, тој имаше дури 94. Разговаравме, му објаснив дека мора да ја намали тежината… на крајот спушти само на 92,5 килограми“, изјави Капело.

Тој се потсети и на караниците што ги имаше со својот сонародник Антонио Касано.

„Се расправавме речиси цело време. Најмногу ме полудуваше што тој пред секој натпревар нарачуваше помфрит, иако сто пати му објаснивме колку тоа не е здраво. Не сакаше да послуша, па на крајот јас повеќе им се лутев на клупските готвачи“, се присетува „Дон Фабио“.

Се вчитува...