Капинковски именуван за тренер на грузискиот прволигаш Самтредија (ФОТО)

Поранешниот тренер на прилепска Победа и битолски Пелистер, Димитар Капинковски стартува првпат своја интернационална тренерска кариера.

Капинковски денеска официјално е промовиран како нов тренер на грузискиот прволигаш Самтредија. Прилепчанецот денеска го одржа и првиот тренинг со екипата пред дебито на клупата против Телави на 26. април, на гостински терен.

Капинковски на клупата на Самтредија, која беше шампион на Грузија во 2016 година, го наследи Георги Шашиашвили кој го напушти тимот поради лоши резултати. Вчера Самтредија загуби со 2:1 од Самгурали. Тимот е последен на табелата по девет одиграни кола со само четири бода.

Се вчитува...