Неверојатен „потоп“ на Пелистер пред своите навивачи во последниот натпревар од 5. коло во Првата македонска фудбалска лига. Битолчани неочекувано убедливо со 0-4 загубија од Арсими во натпревар во кој гостите сите три погодоци ги постигнаа во последните 20 минути од средбата.
Тренерот на битолчани, Димитар Капинковски изјави дека Арсими успеал да ги казни грешките на неговите фудбалери.
„Арсими е сериозен противник, вложија многу во тимот и тоа се гледа. Пред стартот на првенството реков дека секој може да победи секого. Во првото полувреме имавме неколку стопроцентни шанси, но не ги искористивме. Потоа, примивме наивни голови и тоа не смее да се повторува. Мора да направиме детална анализа и да ги исправиме грешките. Немаме голем ростер, но тоа не смее да биде алиби. Проблемите ќе ги бараме во нашите редови и верувам дека ќе излеземе посилни од оваа ситуација“, изјави Капинковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

