Во чекор со современото банкарство Капитал Банка АД Скопје ја промовираше новата апликација креирана за онлајн аплицирање за кредит. Стремејќи се за задоволување на краткорочните потреби на клиентите, создадовме производ што одговара најдобро на индивидуални потреби на клиентите. Во само два чекори, на клиентите им овозможивме да дојдат до парични средства во износ до 60.000 денари по исклучително поволни услови. Без камата и без жиранти. Клиентите добиваат првичен одговор за само еден час. Единствен трошок е еднократната провизија во износ до 2.999 денари за одобрен кредит од 60.000 денари.
* СВТ (11,94 %) Врз висината на *СВТ влијаат рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на *СВТ и висината на номиналната каматна стапка. Испраќањето барање за кредит е бесплатно и необврзувачко.
Сите заинтересирани клиенти може да ја посетат специјално креираната страница и да се запознаат со условите како и да пристапат до апликацијата: https://e-application.capitalbank.com.mk/
Комерцијален текст
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА