Капитенот го победи селекторот, Нант подобар од ПСЖ по голема пенал драма

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров и Нант со неверојатни 46-45 го победија Пари Сен Жермен на селекторот Раул Гонзалес по исклучително долгата пенал серија во дуелот за третото место на турнирот „Трофеј на шампионите“. Регуларниот дел од мечат заврши нерешено, 34-34. Победникот беше решен по дури 23 изведени пенали.

Лазаров беше одличен и во текот на мечот, имаше пет реализирани обиди од пет удари, а и трипати погоди во пенал-рулетот.

Неизвесноста во пресметката ја најавија и регуларните 60 минути во кои во исклучително израмнетиот натпревар, најголемата предност што ја имаше една од екипите беа петте гола позитива на ПСЖ на стартот од второт полувреме. Нант имаше најмногу плус три гола предност во текот на мечот.

Во финалето на турнирот се среќаваат Монпелје и Сан Рафаел.

 

Се вчитува...