Македонската одбојкарска репрезентација на клучните натпревари, завршни од квалификацискиот циклус, против Украина и против Унгарија, ќе го има најважниот играч на располагање. Капитенот Никола Ѓорѓиев кој поради повреда на коленото ја пропушти пријателската контрола против Албанија, иако со болка, ќе може да настапи на мечевите кои нам треба да ни го донесат историскиот пласман на Европското првенство.
Според информациите од репрезентативниот табор, Ѓорѓиев чувствува мала болка, но ќе биде подготвен за натпреварите на 5. јануари во гости кај Украина и на 9. јануари на домашен терен против Унгарија.
Според калкулациите, нам може да ни биде доволна и само една победа за историски, премиерен пласман на континенталниот самит наредната година, иако посигурна опција би било да освоиме два сета, а со тоа и еден бод во Запорожје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА