ЕКИПА во Љубљана,
Катерина Павлова Николовска, Никола Ѓуровски
Македонија беше фантастична и против Словенија, а Никола Ѓоргиев го предводеше нашиот национален тим поентерски во триумфот над домаќинот. „Црвено-жолтите“ момци славеа со 3-1 во сетови, капитенот имаше ефект од 24 поени на овој меч и беше незадржлив за Словенците и се наоѓа на првото место на листата на поентери на ЕП со вкупно 96 поени.
Иако веројатно ќе биде престигнат од Холанѓанецот Нимир Абдел – Азиз (94) кој денеска ќе го одигра последниот меч од групната фаза, Никола Ѓоргиев дефинитивно е еден од најдобрите поентери на Европското првенство. Заедно со квалификациите, тој е убедливо најдобар, со вкупно 280 реализирани поени.
Меѓу првите 20 поентери на шампионатот има место и за Александар Љафтов, кој моментно е рангиран на 14.позиција со вкупно 62 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА