Kaпитенот Мицевски си замина од Вардар

Продолжува реконструкцијата на најтрофејниот македонски фудбалскки клуб Вардар пред продолжението на сезоната во Првата македонска фудбалска лига.

Од клубот информираат дека денеска се договориле со капитенот Дарко Мицевски тој да биде испратен на позајмица во јануарскиот преоден рок.

„Денеска во просториите на клубот, АД ФК Вардар и фудбалерот Дарко Мицевски се договорија играчот да не биде дел од ростерот на ФК Вардар, и истиот ќе замине на позајмица во друг клуб“, соопшти Вардар.

Се вчитува...