Атина „врие“: Капитенот на АЕК се пресели кај ривалот

Капитенот на АЕК, Лазарос Кристодулопулос, направи трансфер со кој ја шокира грчката фудбалска јавност. Само неколку дена по завршувањето на сезоната во Грција, Кристодулопулос потпиша двегодишен договор со ривалот Олимпијакос.

Кристодулопулос во најтрофејниот грчки клуб доаѓа како слободен играч по истекот на договорот со АЕК. Со овој неочекуван трансфер, тој влезе во историјата на грчкиот фудбал како единствен што настапил за сите четири големи клубови од оваа земја.

Грчкиот репрезентативец кариерата ја почна  во ПАОК, од каде премина во Панатинаикос. По интернационалната авантура во Италија каде играше за Болоња, Верона и за Сампдорија, Кристодулопулос се врати во Грција и потпиша за АЕК. Со сегашниот трансфер во Олимпијакос, 31-годишниот фудбалер направи нешто што не го сторил никој пред него.

Во штотуку завршената сезона, Лазарос Кристодулопулос одигра 27 натпревари во грчкото првенство ан кои постигна седум гола и беше еден од најзаслужните за титулата на АЕК.

Се вчитува...