Капитенот на Ајакс, Душан Тадиќ одбил да се појави на првиот тренинг на тимот, објави „Телеграф“. 34-годишниот српски интернационалец побарал веднаш да си замине, затоа што бил незадоволен од трансфер политиката на клубот од Амстердам.
Според него, тимот е послаб од минатата сезона, и тоа не смее да се дозволи, и затоа се решил на ваков чекор. Србинот е пет сезони во тимот, и освои шест трофеи. Минатата сезона Ајакс не успеа да освои ништо, и заврши на третото место.
Ајакс нема да биде во ЛШ оваа сезона, туку ќе мора да се задоволи со квалификации за Лигата на Европа. Многу играчи беа продадени, а не беше доведено ништо квалитетно, и затоа Тадиќ побарал да си замине од клубот. Можна следна дестинација се споменува Саудиска Арабија, каде што замине неговиот соиграч од националниот тим, Сергеј Милинковиќ-Савиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

