Бразилските фудбалери и натаму не можат да го преболат поразот од Хрватска во 1/4 финалето на Мундијалот во Катар, па така доаѓаат информации дека Тиаго Силва, капитенот на „кариоките“ и натаму не може да се „соземе“ после елиминацијата на неговата селекција.
За Силва ова веројатно беше последниот Мундијал во кариерата, и ја нема освоено титулата, иако на ова СП беше можеби голем фаворит за шестата шампионска титула.
Меѓутоа на нивниот пат застана Хрватска која преку пенали успеа да ја елиминира селекцијата на Бразил, и да ја сопре уште во 1/4 финалето.
Осамен и тажен бил капитенот Силва, кој и натаму не може да разбере што се случило. Видеото како е тажен го објавила неговата сопруга Изабела да Силва.
„Ваков е веќе со денови. Сам во тишина, размислува само Господ знае за што“, напиша таа.
Esposa de Thiago Silva posta vídeo do jogador sozinho, refletindo:
“Tem sido assim. Ele fica sozinho, calado, pensando sabe Deus em quê.”
🎥 Reprodução pic.twitter.com/ophh9m2gIO
— Planeta do Futebol 🌎 (@futebol_info) December 11, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА