Бразил доживеа историкса брука во 14. коло од јужноамериканските квалификации за престојното Светско првенство откако загуби со преубедливи 4-1 од страна на големиот ривал Аргентина.
Капитенот на Бразил, искусниот стопер Маркињос не го криеше разочарувањето од дебаклот па им се извини и на Бразилците.
„Тоа што го направивме не смее да се повтори. Тешко ми е да говорам во овој момент бидејќи се уште сум под влијание. Брука. Го започнавме натпреварот многу лошо, далеку од нашите способности, а имавме голема самодоверба. Знаеја да играат паметно. Им се извинувам на навивачите“, изјави Маркињос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА