Капитенот на Бугарија со порака и до Македонија: Косово е неверојатна селекција…

Најголемата шанса на Македонија во обидот да дојде до Европското првенство 2020 секако е Лигата на нациите и полуфиналната пресметка која следната година не очекува со селекцијата на Косово.

Но, вчерашниот наш пораз од Австрија, дополнето со одличниот старт во квалификациите на Косово и вчерашната нивна победа од 2-3 на гостувањето против Бугарија отворено кажуваат дека селекцијата на Игор Ангеловски воопшто не ја очекува лесна задача во обидот да дојде до ЕП и преку Лигата на нациите.

„Косово е неверојатна селекција, секој од нив има огромна енергија и желба за успех. Воопшто не е репрезентација од најнизок ранг“ – порача по вчерашниот пораз капитенот на Бугарија, Ивелин Попов притоа дополнувајќи:

„Но, вината за поразот е во нас самите. Некои тука се чувствуваат прекомотно како да дошле на одмор и забава. Репрезентацијата не е тоа. Сега во националниот тим како да може да игра секој, а порано не беше така. Затоа можеби уште долго време нема да имаме успеси“.

Се вчитува...