Репрезентацијата на Иран тешко „настрада“ на првиот меч на Мундијалот во Катар против Англија и загуби од 6-2 во првиот меч во групата „Б“. Средбата остана во сенка на политичките случувања во земјата каде што властите се обидуваат да ги сопрат жестоките протести низ улиците.
Демонстрантите бараат реформа на женските права и промена на положбата на жените во општеството, а причина за излегување на улиците беше смртта на 22-годишната Махса Амини, која верската полиција ја убила откако одбила да носи бурка во јавност.
После средбата јавно се огласи и капитено, 32-годишниот Ехсан Хајсафи кој игра во АЕК.
„Сакам да изразам сочувство за сите луѓе кои жалат за жртвите во Иран. Ние сочувствуваме со вас. Мораме да сфатите дека во нашата земја не е добро. Луѓето не се среќни и треба да знаат дека репрезентацијата ги поддржува во нивните барања“, рече Хајсафи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА