Ал Етифак, клуб во кој настапува македонскиот репрезентативец Дарко Велковски, на списокот на желби го стави капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон. Саудискиот тим од неодамна доби нов шеф на стручниот штаб во името на Стивен Џерард, а сега оди и по играчот на „црвените“.
Ал Етифак му нуди договор на две плус една година, со тоа што во последната година ќе му се зголеми платата за 50%. Хендерсон сериозно размислува да ја прифати оваа понуда.
Меѓутоа тој не е единствениот кој би можел да биде дел од оваа екипа. Се споменува и Филипе Кутињо, кој Џерард го тренираше минатата сезона во Астон Вила, како и Алваро Мората, доколку пропадне неговиот трансфер во Милан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

