Капитенот на Лутон, Том Локир беше отпуштен од болницата денеска, откако доживеа срцев удар на теренот за време на дуелот во Премиерлигата против Борнмут на крајот на минатата недела. На 29-годишниот дефанзивец му бил вграден дефибрилатор за да се спречи повторување на инцидентот.
Локер падна на тревата во 59. минута од средбата, а во тој момент немаше други играчи околу него. Веднаш беше изнесен од стадионот и пренесен во болница, а мечот беше прекинат. Двата тима се согласија истиот да биде преигран и да почне од почеток.
Тој во изминатите денови беше подложен на многу тестови и прегледи. Велшанецот колабираше и пред неколку месеци на Вембли, за време на плеј-оф мечот со Ковентри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА