Капитенот на Мали, Хамари Траоре е суспендиран на четири натпревари, откако беше прогласен за виновен за неспортско однесување кон судија, објави Би-Би-Си.
Траоре беше исклучен веднаш по поразот на неговата екипа од Брегот на Слоновата Коска во четвртфиналето на Африканскиот куп на нации на 3. февруари. Траоре се судри со египетскиот судија Мохамед Адел по поразот во продолженијата од 2-1. За малку беше избегнат физички конфликт откако и главниот судија ги крена рацете подготвен за пресметка со бесниот фудбалер.
Фудбалската федерација на Мали е казнета со 10.000 американски долари поради неспортско однесување на неговите играчи кон официјалните лица на натпреварот, додека федерацијата на Брегот на Слоновата Коска е казнета со 5.000 долари поради недолично однесување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

