Манчестер Јунајтед во иднина нема да биде предводен од холандскиот стратег Ерик тен Хаг кој по речиси две и пол години доби отказ од славниот англиски клуб поради лошите резултати кои продолжија и во новата сезона.
Додека на голем дел од фановите им е мило што клубот влегува во нова ера и во иднина на клупата ќе го нема Тен Хаг, капитенот на „црвените ѓаволи“, Бруно Фернандеш испрати порака до најверните да го помнат по доброто.
„Ти благодарам на се шефе. Ја ценам довербата и сите моменти кои ги поминавме заедно. Ти посакувам се најдобро. И покрај тоа што последниот период не беше најдобар за нас, се надевам дека фановите ќе го помнат доброто што го направи за клубот“, објави Португалецот на социјалните мрежи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА