Капитенот на Милан со солзи ги напушти „росонерите“: Ова е како развод од сопругата…

Конфликтот што тренерот Консеисао го имаше со дел од фудбалерите на Милан придонесе пред крајот на овој преоден рок дел од нив да си заминат од редовите на италијанскиот гигант.

Алваро Мората ја продолжува кариерата во турски Галатасарај, а сосема неочекувано од клубот си замина и еден од капитените, Давиде Калабрија. Станува збор за играч кој беше дел од младинската школа на „росонерите“ и ги мина досегашните 18 години во кариерата само во овој клуб, но управата реши да му се заблагодари на услугите и да го продаде на Болоња за сума од еден милион евра.

„Сето ова ќе ми недостига. Не е лесно, ова е како да се разведуваш од сопругата“, изјави низ солзи Калабрија додека за последен пат го напушташе тренинг центарот на „росонерите“.

Calabria was spotted in tears as he drove away from the club for the last time.

Се вчитува...